Зошто се уништува прстенот на папата по неговата смрт?

Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи, ќе биде уништен по смртта на папата Франциск во согласност со вековната традиција. Тој прстен, кој потекнува од 13 век и го носи името на првиот папа – Свети Петар, Франциск го носел во текот на 12-те години од неговиот понтификат на церемонии, пренесува CNN.
По смртта на папата, камерленгото на Светата Римокатоличка црква – надбискупот одговорен за преодната фаза по смртта на папата – ќе го уништи прстенот во присуство на Колеџот на кардинали.

Иако функцијата на прстенот престанала да биде печат на официјални документи во 19 век, практиката на негово уништување продолжила и после тоа. Кога папата Бенедикт Шеснаесетти стана првиот папа во историјата кој поднесе оставка во 2013 година, воведена е нова традиција – прстенот наместо да биде уништен, бил оштетен со вкрстен рез. Актуелниот камерленго, кардиналот Кевин Фарел, се очекува да ја следи оваа практика и да го оштети прстенот пред да се одржи конклавата.
Иако прстенот бил симбол на папската моќ, Франциск, во споредба со неговите претходници, носел поедноставен сребрен прстен, додека прстенот на Рибарот бил резервиран за официјални и свечени церемонии.

Погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, започна денеска во 10 часот.

Церемонијата започна со отстранување на ковчегот од базиликата Свети Петар. Папата Франциск денеска ќе биде погребан во една од таканаречените „пет папски базилики“, Санта Марија Маџоре, во Рим, каде од базиликата Свети Петар ќе биде пренесено телото на поглаварот на Римокатоличката црква. Ватикан објави дека на погребот ќе присуствуваат 170 делегации, меѓу кои околу 50 шефови на држави и 10 монарси.

Пронајдете не на следниве мрежи: