Зошто сојата е храна која задолжително треба да ја вклучите во своето мени?

Сојата е храна што задолжително треба да ја вклучите во своето мени, особено оние од вас кои се занимаваат со спорт, бремените и луѓето изложени на секојдневен стрес и напорна физичка и умствена работа.
Изофлавоните кои ги има во сојата го намалуваат ризикот од појава на болести на срцето и карциногени болести. Тоа се материи слични на женските естрогени и имаат функција на природна хормонална терапија. Пред неколку години во сојата е откриена и против карциногената супстанција наречена генистеин.
Науката го поврзува тоа со нискиот степен на заболени од рак на градата, простатата и ендокрините жлезди во Јапонија и Кина и високата консумација на соја во овие делови од светот.
Богатата концентрација на целулоза го стимулира варењето на храната. Оние што активно спортуваат имаат потреба од повеќе витамини и протеини, па затоа сојата е идеална за нив. Благодарение на витамините Б6, Б9, Б12 и Н, како и концентрацијата на минерали, сојата е незаменлив фитнес помошник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.