Зошто треба да внесувате храна богата со колаген

Колагенот е протеин кој е распространет насекаде низ човековото тело – мускулите, коските, кожата, крвните садови, дигестивниот систем и тетивите. Со стареењето, присуството на овој протеин се намалува и затоа е потребно да го внесуваме преку исхраната.
Создавањето на колагенот во организмот на природен начин се успорува со самото стареење. Всушност, овој дегенеративен процес е главниот виновник за видливите знаци на стареење како што се борите, сушење на кожата и болки во зглобовите.


За што е потребен колагенот?
– за здравјето на кожата и нејзината еластичност
– за ноктите, косата и забите
– за зглобовите и коските
– за црниот дроб
– за кардиоваскуларниот систем
– за подобар метаболизам
– за јакост на мускулатурата и нејзина виталност
Примената на исхрана богата со колаген ја успорува природната загуба на овој протеин. Внесувањето на колаген преку исхраната помага при слабеење, намалување на целулитот, формирање и зацврстување на мускулите, ја подмладува кожата, а исто така е од голема помош при олеснување на тегоби кај луѓе болни од артритис.
Супата од варена коска е одличен извор кој може да ви обезбеди одлична количина која ќе го надокнади изгубениот колаген. Исто така тука се темно-зелените зеленчуци, бадемите, авокадо, мoркови, лукот и многу други продукти кои ќе го поттикнат производството на колаген во организмот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.