Зошто треба да престанете да ја одложувате посетата на гинеколог?

Одоложувањето на посетата на гинеколог може да има последици по здравјето на жената и лекарите препорачуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи рутински преглед.
Сепак дури една третина од жените го одбегнуваат одењето на гинеколог од банални причини.
Анкетата на добротворната организација Jo’s Cervical Cancer Trust во која учествувале 2.017 жени покажа кои се најчестите причини, поради кои жените го одбегнуваат или одложуваат одењето на гинеколог.
Дури една третина од испитаничките одговориле дека нема да отидат на ПАП тест бидејќи немале можност да ја издепилираат интимната зона.
Чувството на непријатност од изгледот на сопственото тело е уште една од причините (35%), изгледот на вагината (34%) и мирисот на вагината (38%) се меѓу најчестите причини.
Ракот на грлото на матката е најчестиот облик на канцер кај жени помлади од 35 години. Поради тоа редовните гинеколошки прегледи се од огромна важност. ПАП тестот може навремено да ги открие промените што може да предизвикаат рак на грлото на матката. Раното откривање на болеста значително влијае на успешноста на лекувањето.
Редовните прегледи исто така ќе ви помогнат да се справите навремено со каков било друг гинеколошки проблем и ќе живеете посмирен живот знаејќи дека сѐ е во ред со вашето интимно здравје.
Со цел да ги поттикнат жените редовно да доаѓаат на прегледи и да се ослободат од чувството на непријатност, гинеколозите апелираат дека изгледот на вашата интимна зона за нив воопшто не е важен. Колку влакна имате, каков е обликот и мирисот на вагината (освен ако мирисот не е предизвикан од гинеколошки проблем што ќе ви помогнат да го решите) му е потполно небитно на гинекологот. На лекарите им е важно само вашето здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.