Зошто треба да јадете зелка?

Зелката е здрава намирница која треба да се најде на вашето мени. Зошто треба почесто да го јадете овој зеленчук?
Богата е со витамин Ц
Ако ви недостасува витамин Ц, портокалите не се единствена намирница која треба да ја јадете. Богата е со витамин Ц и обезбедува 70 осто од препорачаниот дневен внес.
Витаминот Ц му помага на телото да апсорбира железо, да создава колаген кој помага за заздравување на раните и го зајакнува имунолошкиот систем, а со тоа ве штити од болести.
Одличен извор на влакна
Ако во исхраната треба да вклучите повеќе влакна, јадете зелка. Растителните влакна го врамнотежуваат шеќерот во крвта, го намалуваат холестеролот и ги спречуваат дигестивните проблеми.
Се подобрува здравјето на коските
Зелката содржи витамин К кој е важен за здравјето на коските.
Одлична намирница е доколку сте на диета, лесно е достапна и има пристапна цена.
Добра за кардиоваскуларното здравје
Зелката има противвоспалително дејство и се препорачува на луѓе кои имаат ризик од кардиоваскуларни заболувања. Според едно истражување објавено во British Journal of Nutrition, жените кои јадат зелка, брокула, карфиол имаат 46 отсто помал ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.