Зошто треба почесто да јадете боровинки за ужина?

Зошто треба да јадете боровинки за ужина?
Боровинките имаат најголема количина на антиоксиданти во споредба со другото овошје, а храната којашто е богата со антиоксиданти го намалува процесот на стареење и го намалува ризикот од појава на рак, кардиоваскуларни заболувања, пад на имунолошкиот систем.
Антиоксидансите ја намалуваат количината на лошиот холестерол во телото со процесот на оксидација.
Истражувањето на списанието Journal of Nutrition покажа дека боровинките за само 8 недели можат да го намалат лошиот холестерол за 27%.
Тие се богати со полифенол кој е важен за добро кардиоваскуларно здравје и успорување на процесот на стареење.
Со редовното консумирање боровинки мажите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи помага во регулација на нивото на шеќер во крвта. Боровинките се богати и со растителни влакна и протеини.
Исто така, го штитат уринарниот тракт од инфекции, го прочистуваат и спречуваат влез на бактерии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.