Зошто треба секој ден да јадете мандарини?

Со оглед на тоа дека се значаен извор на влакна, даваат чувство на ситост и ја намалуваат желбата за внесување повеќе храна, мандарините се идеален додаток на нашата исхрана. Истовремено носат бројни придобивки за нашето здравје, физичка форма и изгледот.
Мандарините со својот слатко-кисел вкус обезбедуваат третина од дневната потреба за витамин Ц, а содржат и материи кои имаат антивоспалителни и антиксидативни својства.
1. Богати се со антиоксиданси
Антиоксидансите помагаат во одбрана на телото од слободни радикали, инаку би можело да доведе до оксидација. Оксидацијата може да поттикне стареење и болести.
2. Подобар имунолошки систем
Со оглед на тоа дека содржат висок процент на витамин Ц, можат да го подобрат имунолошкиот систем. Витаминот Ц е антиоксиданс кој за засилува функцијата на имунолошките клетки. Го подобрува интегритетот на кожата и ткивата.
Истражувања покажаа дека мандарините може да го намалат ризикот од развој на рак на црн дроб.
3. Помагаат при слабеење
Со оглед на тоа дека се значаен извор на влакна и подолго време даваат чувство на ситост, мандарините помагаат при слабеење. Ја намалуваат желбата за внесување повеќе храна. лекарите открија дека консумирањето мандарини помага во намалувањето на инсулин бидејќи шеќерот од овошјето се претвора во енергија.
Исто така, го намалуваат ризикот од камен во бубрег. Ниското ниво на цитрати во урина може да предизвика создавање на одредени видови камења во бубрегот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.