Иако е отстранет автобусот на смртта, автопатот и утрово затворен – еве што се случува во овој момент таму

Автобусот на смртта во кој загинаа 45 македонски патници кои се враќаа од патување во Истанбул беше отстранет од патот доцна синоќа, но со тоа не беше вратен во нормала автопатот во целост.
Утрово сообраќајот се одвива само по една коловозна лента и тоа во правец кон Софија, но не и на лентите во правец од Софија кон Благоевград каде што се случи несреќата.


Патот таму се уште се одвива преку обиколен пат, а причината е тоа што во наредните пет дена ќе се врши увид на местото на несреќата, пренесуваат бугарските медиуми.
Тие треба да направат проверка на тротоарот, патната сигнализација, рестриктивните системи, како и хоризонталното обележување и врз основа на нив да презентираат извештај за состојбата на автопатот и да проценат какви мерки ќе се преземат за нивно обновување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.