Иванка Трамп во неочекувано издание: Овие фармерки ги носи секоја жена со стил

Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но еден кој постојано е тука се вечните фармерки. Ниту едно парче не е сестрано и практично како фармерките кои денес се неизоставен дел од секој основен стајлинг.


Секоја сезона е хит одреден модел или неколку модели, а оваа сезона повторно се вратија во мода фармерките со широки ногавици или т.н. „ѕвонарки“ и нешто повисок струк.
Многу познати дами едноставно ги обожуваат, помеѓу кои е и Иванка Трамп, која е позната по елегантните деловни изданија. Токму таков модел таа носела на деловен состанок во Њујорк.
Фармерките со широк крој вообичаено се носат со обични маици, боди, блуза или кошула, зависно од приликата, а Иванка ги носела со црна блуза и црни чевли, во комбинација со бела контрастна чанта.


Инаку, овој модел на фармерки најдобро им прилега на високите жени токму поради долгите нозе, но можат да ги носат и пониски дами, само мораат да внимаваат на изборот на обувки. Ваквиот модел не смее да биде ниту предолг ниту прекраток, а делува феноменално во комбинација со чевли на платформа или високи потпетици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.