Ивановска шокирана што ДУИ ги финансирала изборните кампањи со средства од јавните претпријатија

Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска комисија e шокирана од информациите дека владејачката партија ДУИ ги финансирала своите изборни кампањи со средства од јавните претпријатија.
Во вечерашното гостување во “Топ тема“ на коментарот на водителката дека во 2016 година излегоа информации дека вработени во јавните претпријатија каде директорувале кадри на ДУИ, дозволиле од платата да им се одбиваат средства кои завршувале на контото на партијата, Ивановска рече дека тоа било ужасно.
-Ние сега имаме ингеренции да постапуваме во иднина при таков случај. Партиите треба да ни доставуваат финансиски извештаи. Будно ќе ја следиме кампањата, веќе направивме план, и наша цел е да ги заштитиме буџетските ресурси. Финансирањето на политичките партии е предмет на наша опсервација, добро ќе ги анализираме финансиските извештаи – изјави Ивановска.
Невладини организации и медиуми во 2016 година апелираа дека има прекршување на законот за финансирање на изборната кампања кај ДУИ. Оваа партија во својот финансиски извештај како донатори ги имаше Македонски пошти, Државен студентски дом, Дирекција за заштита и спасување, Македонски железници-инфраструктура, и Аеродроми на Македонија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.