Ивановски: Сега е моментот да ја забетонираме нашата позиционираност на карго мапата на Европа

Изградбата на брзата пруга ќе и донесе економски бенефит на Македонија, на стопанството и на граѓаните. Нашата позиционираност треба да ја искористиме веднаш и да се забетонираме на карго мапата на Европа, изјави директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

“Во моментов се гради брза пруга од Белгрaд кон Ниш, од Атина до Солун е веќе завршена брзата пруга, треба од Солун до Гевгелија да биде реконструирана и од грчка страна ќе се случи тоа кога ние ќе ја почнеме изградбата. Исто така и од Ниш до нашата граница треба да биде завршена. Овој Коридор е најбрз за компаниите. Се проценува дека околу 120 милиони евра годишен приход ќе имаме од товарен сообраќај заради тоа што пристаништата во Солун, Атина, Александрополис и во Кавала постојано бележат нагорна линија. Најбрзиот пат е преку Македонија. Има втора опција преку Бугарија која е двојно поскапа, преку Риека или преку Ротердам која треба да се кружи цела Европа за 26 дена наспроти 4 до 5 дена на коридор 10 ”- истакна Ивановски.

Тој додаде дека во изградбата на пругата ќе се вклучи 30 проценти британска компонента, а останите 70 проценти ќе се вклучат домашни компании.

“Сигурен сум дека Премиерот ќе направи состаноци со сите Комори и ќе биде понудена соработка на сите македонски компании. Две милијарди евра е огрома сума на средства и сигурно ќе има простор за секоја македонска компанија. Договорот држава со држава вклучува и теничка помош која ќе биде достапна на државата и со тоа максимум ќе се помага на домашниот сектор’- потенцираше директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

Пронајдете не на следниве мрежи: