четврток, 12 ноември 2026
Најново

Игор и Илина наградени за најпандемиски пар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод роденденот на мојот Иги, решив да му посветам љубовна награда за најпандемиски пар. Не велам на годината, бидејќи е неизвесно за жал колку ќе трае.
Минатата година кога дознав дека Џамбаз е заљубен во една прекрасна дама како Илина, малку фалеше да се расплакам. Од среќа, секако. Бидејќи ако некој залсужува да е среќен, тоа е тој.
Ме сака безусловно, ме прифаќа онаква каква што сум, а и веќе ви објаснив каква е нашата космичичка врска мѓу чичко и внука, нели?


Илина е жена која е пример за сите нас останатите. Успешна во секое поле, кротка, мила и бескрајно љубезна со сите. Сака да се гушка и да шири позитивна енергија, баш како и мојот Иги.
Кога го прашав дали може да го викам чичо пошто нели природно не, тој ми се насмеа и рече: „Боже, тоа би значело дека сум остарел. Не сакам да ме викаш така.“
Среќен роденден Иги, најдобар чичко на светот! И за крај, еве како го изненадивме ние, првите придружници…

Поврзани вести