Игор Кралевски: Вера Мештеровиќ ми е најголема грешка

Фудбалерите и манекенките одстекогаш биле атрактивна љубовна комбинација. Таков пар беа и манекенката и мисицата Вера Мештеровиќ и фудбалерот и некогашниот репрезентативец Игор Кралевски, но за жал после 10 години брак ставија крај на истиот.  После разводот Вера Мештеровиќ изјави дека не го сака повеќе, а Игор Кралевски мудро молчеше. За оваа љубовна врска се пишуваше се и сешто, но конечно ја откивме вистината за нивниот однос.  Игор Кралевски откри во каков однос е  со Вера Мештеровиќ, каде што  во интервју за најгледаниот естраден магазин Бекстејџ кажа дека се пријатели со поранешната сопруга само поради децата. Иако тој изградил успешна кариера, Игор вели дека најмногу грешел во изборот со жените. Од целото интервју во Бекстејџ заклучивме дека подобро е добар развод, отколку лош брак, а веруваме дека и вие се сложувате со истото.
Што се откри во интервјуто погледнете во видеото во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.