четврток, 12 ноември 2026
Најново

Игор Џамбазов се прости од Мето Јовановски: Бев во облаци на нашата прва заедничка претстава – Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе..

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов се прости од својот колега Мето Јовановски, кој почина на 77-годишна возраст.

Во емотивната објава на Инстаграм, Џамбазов се присети на нивната прва заедничка претстава, „Смртта на Дантон“, на сцената на Драмскиот театар во осумдесеттите години на минатиот век.

„Драг мој Методија,

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. ‘Смртта на Дантон’, Драмски театар, осумдесет и некоја. Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист.

И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата. Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа…

‘Збогум сега за миг, и до скоро видување…’

Поврзани вести