Пробајте го овој рецепт за пилешка бела чорба.
Потребни состојки:
600 г пилешко бело месо
2 моркови
Магдонос
100 г целер
3 компири
1 ловоров лист
2 лажички сол
1 лажичка бибер
2 лажици зачин по избор
2 жолтки
2 дл кисела павлака
Сок од лимон
1,5 л вода
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо, ставете го во тенџере со 1,5 л вода, поклопете и оставете го да се вари. Откако ќе зоврие водата, додајте го зеленчукот и поклопете. Додајте и зачини, бибер и ловоров лист. Откако ќе се свари месото, исклучете го шпоретот и исцедете ја течноста.
Оставете ги месото и зеленчукот да се изладат. Исечкајте го месото на коцки, како и морковот, компирот и целерот.
Вратете ја исцедената течност во тенџерето и додајте го исечканото месо и зеленчукот. Додајте уште малку зачини и оставете го да се вари уште неколку минути.
Во посебен сад изматете ги жолтките и киселата павлака. Тргнете го тенџерето од рерна и сипете ја смесата од жолтки и павлака и мешајте постојано, но само на површината за да не се направат грутки. Откако ќе ја истурите целата смеса, промешајте ја чорбата.
Сервирајте со сечкан магдонос, а по желба додајте сок од лимон или оцет.