Идеално летно освежување: Џин тоник со лубеница

Во летниот период е важно да останете хидрирани, но освен вода понекогаш може и да се освежите со некој убав коктел.
Потребни состојки:
1200 г лубеница исчистена од семки
100 мл сок од лимета
250 мл џин
Тоник
2 лажици сируп од агаве
Неколку листови свежо нане
Лед
Начин на подготовка:
Исчистете ја лубеницата од семки, исечкајте ја на коцки и ставете ја во блендер. Откако ќе се изблендира убаво, процедете ја во тенка газа за да ја отстраните пената.
Потоа, додајте го сокот во шејкер и додајте сируп од агаве, сок од лимета и нане и промешајте со лажица. На крај сипете џин и повторно промешајте.
Пред послужување во чашите додајте лед, а потоа додајте го сокот со џин и на крај во секоја чаша сипете и тоник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.