Идеја за брз ручек, одличен за целото семејство по рецептот на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
Мелено месо
Кашкавал
Компир
Морков
Зачини
Начин на подготовка:
Исечете го зеленчукот на парчиња.
Земајте парчиња од меленото месо ставете коцка кашкавал на средина и убаво обликувајте ги. Од алуминиумска фолија направете како мали чинии, ставете дел од зеленчукот и неколку топчиња од месото. Зачинете и додадете малку масло, а може и сосема малку вода(1-2 лаж). Убаво затворете ја алуминиумската фолија, наредете ги во тава и печете ги околу 30/40 минути на 180/200 степени. На пола печење отворете ја алуминиумската фолија.
Послужете и уживајте додека е топло.