Идеја за вечера: Тако шпагети со мелено месо

Италијанците се познати по пастата, а нивниот најпознат сос е секако болоњезе. Американците го модифицирале овој италијански рецет за шпагети, додавајќи му кашкавал и разноразни зачини.

Во предлагаме да го испробате овој фантастичен рецепт, а најдобро од сѐ е што се подготвува во само една тава, па нема да си отворите работа со купови за миење.

Потребни состојки:
450 гр мелено месо (по избор)
300 гр кашкавал (по можност жолт чедар)
½ кромид
1 сечкан домат
1 лажичка мелена пипер
2-3 чешниња лук
2 лажици свеж магдонос
250 гр шпагети
400 мл булјон
½ лажичка лук во прав
½ лажичка кромид во прав
½ лажичка блага пипер
½ лажичка оригано
½ лажичка чили
тако сос

Идеја за вечера: Тако шпагети со мелено месо

Подготовка:
Меленото месо пропржете го со ситно сечкани кромид и лук. Кога ќе биде готово додадете сечкан домат, сите зачини освен магдоносот, како и булјонот. Промешајте, па додадете ги и шпагетите. Турете и малку вода за да бидете сигурни дека шпагетите се натопени. Гответе додека сосот не почне да крчка, а потоа поклопете и гответе уште 15 минути. Повремено мешајте. Потоа тргнете го капакот, промешајте и гответе уште 2-3 минути. Додадете рендан кашкавал и повторно поклопете, па оставете на шпорет додека кашкавалот не се стопи. На крајот посипете со сечкан магдонос и зачинете со тако сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.