Начин на подготовка:
Пандишпан
2 јајца
150 мл млеко
80 мл масло
5 г печиво
150 г шеќер
1 дел
500 г јаболка
100 г шеќер
600 мл вода
1 пудинг
втор дел
200 г јаболка
600 мл млеко
2 пудинга од ванила
100 г шеќер
3 дел – шлаг крема
Начин на подготовка:
Најпрво направете го пандишпанот. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200 степени(плех 15х30). Јаболката кратко пропржете ги само на шеќерот, па додадете им ја водата да се варат 10 минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболка извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што се вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите вториот дел посебно, јаболката запржете ги на шеќерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен прв дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба.