Идеја за десерт: Пудинг торта со јаболка

Начин на подготовка:
Пандишпан
2 јајца
150 мл млеко
80 мл масло
5 г печиво
150 г шеќер
1 дел
500 г јаболка
100 г шеќер
600 мл вода
1 пудинг
втор дел
200 г јаболка
600 мл млеко
2 пудинга од ванила
100 г шеќер
3 дел – шлаг крема

 

View this post on Instagram

 

Пудинг торта со јаболки🍎 Есенско зимски десерт кој се топи во уста. Нека не ве заплашува бројот на состојки, всушност истите состојки се но ви ги поделив што како за секој дел. Шеќер, јајца, млеко она кое сите го имаме дома, а од кое може да излезе супер десерт. Кремасто и сочно, уживање за непца😊 затоа што имав објавено на стори пире или парчиња јаболки и се одлучивте за двете јас направив со двете, а за да си ја направите поедноставна работата може само со пире или само со парчиња да ја направите. Најпрво направете го пандишпанот. Дечки не знам зошто на сликата го нема брашното, треба околу 200 – 250 гр брашно. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200С(плех 15х30). Јаболките кратко пропржете ги само на шеќерот, па додадете им ја водата да се варат 10тина минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболки извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите 2 дел посебно, јаболките запржете ги на шеќерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен 1 дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба. Иии да заборавив да кажам, во делот со јаболка може да додадете и цимет(по желба)😊. Знам дека изгледа многу за правење, многу состојки и комплицирано, но воопшто не е. Доколку нешто не ви е јасно или ви треба помош, слободно пишете ми❤️

A post shared by martinascooking (@martinascookingg) on


Начин на подготовка:
Најпрво направете го пандишпанот. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200 степени(плех 15х30). Јаболката кратко пропржете ги само на шеќерот, па додадете им ја водата да се варат 10 минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболка извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што се вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите вториот дел посебно, јаболката запржете ги на шеќерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен прв дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.