Предлог што да подготвите за денешниот појадок.
Потребни состојки:
1 јајце
1 шолја млеко
1- 1 и пол шолја брашно
1 печиво
1-2 лажици шеќер
Начин на подготовка:
Измешајте ги течните со сувите состојки во густа смеса и постепено налевајте од смесата во загреана тава на средна температура. Со помош на лажица или кутлача може да ги оформите поубаво, а тавата не треба да има масло на неа. Може да ја поминете само со намрсена салфетка. Печете ги по неколку минути од двете страни. Додатоците се секогаш тоа што ги прави палачинките поубави, па изберете си ги вашите омилени. Наместо бело може да ставите интегрално брашно.