За денешниот појадок пробајте го рецептот на Мартина Трајаноска за лиснати ѓевречиња со маслинки, сланина и печурки.
Потребни состојки:
400 мл млака вода
1 кг брашно
3-4 лажици зејтин
1 квасец
½ печиво
½ лажичка шеќер
½ лажичка сол
125 гр маргарин
Маслинки
Печурки
Сланина
Начин на подготовка:
Замесете меко тесто од состојките и поделете го на 12 топчиња. Намрсете ги и оставете ги 10-15 минути на топло. Путерот/маргаринот растопете го или изрендајте го. Топчињата поделете ги на 2 места по 6. Секое топче растегнете го или исукајте го, ставете путер помеѓу секое, и наредете такви 6 едно врз друго со тоа што на последното не треба да ставите путер.
Доколку користите со растопен путер, вака наредените корички ставете ги минимум половина час во фрижидер. Потоа исукајте правоаголна кора и на половина од кората ставете сечкана сланина, маслинки, печурки, сирење или фил по желба. Преклопете ја кората и исечете ја на ленти(10-15). Секоја лента извиткајте ја како на видеото, убаво притиснете ги краевите и редете ги на хартија за печење. Оставете ги уште 20 минути на топло, премачкајте ги со јајце, наросете сусам и печете ги на 220 степени околу 10-15 минути.