Потребни состојки:
250 г лиснато тесто
5 лажици ајвар
70 г сирење(гауда)
1 јајце
Сусам
Начин на подготовка:
На хартија за печење расукајте го лиснатото тесто. Посипете со брашно за да не се залепи тестото за сукалото. Површината на тестото премачкајте ја со тенок слој ајвар, а потоа една половина од тестото наросете ја со рендано сирење.
Преклопете го тестото на два дела со помош на хартијата за печење и стиснете со прстите за да се спои. Исечете го тестото на линии со пречник околу 1,5 центиметри. Свртете ги краевите и наредете ги лиснатите стапчиња во тава за печење. Премачкајте ги со јајце и наросете со сусам. Печете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути.