Авокадото е одличен извор на растителни влакна, здрави масти, калиум, фолна киселина, витамин Е и антиоксиданти. Започнете го денот со вкусен тост авокадо, домати и сирење.
Потребни состојки:
Авокадо
Леб
Домат
Сирење по избор
Начин на подготовка:
За 3 тостирани лепчиња потребно ви е половина авокадо. Изгмечете го авокадото убаво со вилушка, додадете сол и бибер и малку маслиново масло. Измешајте и намачкајте на лепчињата. Ставете парчиња домат и малку дробено сирење, а може и ленено семе.
Пронајдете не на следниве мрежи: