Предлог за денешниот ручек.
Потребни состојки:
600 гр. мелено месо
Сол
Бибер
2 лажици масло
4 лажички сенф
12 мали лепчиња
4 лажици кечап
12 листови зелена салата
2 големи домати
12 парчиња кашкавал
Начин на подготовка:
Промешајте го меленото месо со сол и бибер. Обликувајте 12 мали плескавици. Намачкајте го тавчето со масло и загрејте го. Исечете ги лепчињата на половина и неколку минути печете ги на тавчето. Потоа, премачкајте ги со сенф и кечап.
Исечете го доматот на 12 тенки кругови. Во лепчињата ставете листови од салата и домати. Печете ги плескавиците во тава, по 5 минути од двете страни. На крај, на секоја плескавица ставете парче кашкавал за да се растопи. Ставете ја плескавицата во сендвичот и послужете.