Идеја за денешниот ручек: топла супа во која ќе уживаат сите.
Состојки:
Лажица маслиново масло
220 гр. пилешко месо
Сол и бибер по вкус
30 гр. путер
Три чешниња лук
220 гр. печурки
Главица кромид
Три моркови
Малку целер
30 гр. брашно
Четири шолји пилешки бујон
190 милилитри полномасно млеко
60 милилитри павлака за готвење
Две лажици сецкан магоднос
Мајчина душичка
Начин на подготовка:
Загрејте го маслиновото масло на тавче на средна температура. Исецкајте го пилешкото месо на коцки, ставете малку сол и бибер, пржете во тавчето 2-3 минути и оставете на страна.
Во тава растопете путер, па додајте лук, печурки, кромид, морков и целер. Пржете го со повремено мешање три-четири минути, додајте мајчина душичка и пржете уште една минута.
Потоа, додајте брашно и оставете го да се пржи околу една минута за да добие златеста боја, па сипете го пилешкиот бујон, пилешкото месо и оставете да се вари околу 4-5 минути со повремено мешање.
Додајте го полномасното млеко и павлаката за готвење, оставете на огин уште две минути и додајте сол и бибер по вкус.
Послужете ја супата топла.