Во преден план сè уште се валутите поддржани од централните банки и тоа не би требало значително да се промени во следните десет години.
Трендовите на плаќања кои првенствено се однесуваат на бесконтактните плаќања и кои започнаа минатата деценија, а се забрзаа за време на кризата околу коронавирусот, ќе продолжат и во наредните години, се вели во извештајот на “Moody’s”. Во тој извештај се нагласува дека светот јасно ги прифатил дигиталните технологии на пазарот на пари, но тоа не значи биткоин, етер и другите криптовалути.
Во преден план сè уште се валутите поддржани од централните банки, а тоа не би требало значително да се промени во следните десет години, дури и со зголемената популарност на дигиталните технологии на овој пазар.
Имено, “Moody’s” не очекува дека биткоинот, етерот и другите криптовалути би можеле да станат популарен начин на плаќање во следната деценија, најмногу поради нивната нестабилност, но нагласуваат дека ќе продолжат да играат одредена улога. Наместо крипто, банката очекува уште една форма на дигитални пари да стане попопуларна, а тоа се дигиталните валути издадени од централните банки, додека мал дел од овој пазар би требало да припаѓа на стабилните коини.
Сепак, иако со текот на времето се помалку ќе ја слушаме популарната изрека „кешот е крал“, класичните пари кои што ги користиме и денес ќе продолжат да доминираат, само начинот на плаќање ќе се промени, односно дигиталните облици на плаќање ќе се користат се повеќе и повеќе. Во овој извештај се споменува дека повеќето банкарски услуги како што се купување куќи, автомобили, поддршка на компании и слично ќе продолжат да бидат врзани за традиционалните валути, што ќе ја ограничи употребата на виртуелните банкарски валути.
Она што секако можеме да го очекуваме во наредните години е зголемената употреба на бесконтактните облици на плаќање. Во Кина, овој начин на плаќање е веќе доминантен, а само околу десет проценти од трансакциите во продавниците се вршат со готовина (најмногу благодарение на апликациите како Alipay и We Chat). Слично е и во САД, а според податоците на Мудис, дури 80 отсто од плаќањата во САД во 2021 година биле бесконтактни, што е зголемување во однос на 2016 година кога оваа бројка изнесувала 69 отсто. Што се однесува до ЕУ, готовината сè уште е доста популарна овде, иако бесконтактните трансакции се во пораст. Во земјите од Европска унија во 2016 година уделот на бесконтактните плаќања било 21 процент, а пет години подоцна речиси двојно се зголемил на 41 отсто.