недела, 29 ноември 2026
Најново

ИДФ ќе останат на поголемиот дел од територијата, „апсолутно не“ за палестинска држава, вели Нетанјаху

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео порака објавена на неговиот Телеграм канал изјави дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе „останат на поголемиот дел од територијата“ како дел од планот за кој рече дека се согласил со американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека Израел „апсолутно не“ се согласил со создавање палестинска држава.

„Тоа беше историска посета. Наместо Хамас да нè изолира, ние ги сменивме позициите и го изолиравме Хамас“, рече Нетанјаху, додавајќи дека сега „целиот свет, вклучувајќи го арапскиот и муслиманскиот свет, врши притисок врз Хамас да ги прифати условите што Израел ги постави заедно со претседателот Трамп – да ги ослободи сите израелски заложници, и мртви и живи – додека ИДФ останува на поголемиот дел од територијата“, објавува Гардијан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На прашањето за време на неговата посета дали се согласува со формирање палестинска држава, Нетанјаху одговори: „Апсолутно не, а тоа не е напишано ниту во договорот. Но, ние рековме едно: цврсто се спротивставуваме на палестинска држава“.

Поврзани вести