Изби пожар во куќа, лепенка до зграда во Чаир

Голем пожар избувна попладнево во куќа во скопски Чаир.

Според информациите, куќата е целосно опожарена, додека пак во непосредна близина има зграда на осум ката.

На терен се екипите на противпожарната бригада, кои се обидуваат да го спречат проширувањето на пожарот.

Засега нема информации за причината за пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: