Избрани собраниските комисии , а предлог замениците министри по 20 септември

Парламентот вчера ги формираше работните тела со што и официјално може да почне со законодавната функција по речиси два месеци откако беше конституиран. Одлуката за персоналниот состав на комсииите беше донесена со 89 пратенички гласа што значи дека за нејзе поддршка дадоа и власта и опозицијата.

Сепак, меѓу нив имаше разлика дали на оваа одлука треба да претходи одлука за бројот на комисии, за бројот на членови во нив како и утврдување на нивниот делокруг за работа.

На собраниската седница пратениците од опозицијата повторно посочија дека се крши процедурата и оти се гласа за персонален состав пред Собранието претходно на парламентарна седница да донесе одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите на работните тела.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека претходната одлука за формирање работни тела или комисии е на сила, и оти нема предлози за формирање нови. На оваа одлука, потенцира Џафери, се темели и предлогот на координаторите на пратеничките групи за персоналните состави. Тој им посочи на пратениците од опозицијата дека не поднеле никаков предлог за дополнување на делокругот на работа или за зголемување на бројот на комисии или членови на комисиите.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев, кој беше во посета на Куманово, каде присуствуваше на отворање нова индустриска зона, најави дека постапката за утврдување на имињата на кандидатите за заменици министри е во тек. – Јас сум подготвен утре-задутре да ги доставам имињата на предлозите за заменици министри до Собранието, а Собранието веројатно по 20 септември ќе го стави на дневен ред нивниот избор, истакна вчера Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.