четврток, 12 ноември 2026
Најново

Извлечени уште тела, бројот на загинати Палестинци во Газа достигна 48.297

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со извлекувањето на телата од под урнатините и жртвите во новите напади, бројот на загинатите од почетокот на израелските напади во Појасот Газа се зголеми на 48.297.Палестинските медицински и спасувачки тимови извлекоа уште две тела од урнатините во Појасот Газа во последните 24 часа. Едно претходно рането лице почина во болница, а уште тројца Палестинци беа убиени во новите израелски напади.Министерството за здравство на Појасот Газа соопшти дека во болниците се примени и 11 повредени лица, со што бројот на повредени се искачи на 111.733.„Многу жртви се уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите се уште не можат да дојдат до нив“, соопшти Министерството.Шефот на владината канцеларија за медиуми во Газа, Саламе Маруф, на 2 февруари изјави дека повеќе од 14.000 Палестинци се водат како исчезнати под урнатините.Договорот за прекин на огнот во Газа е на сила од 19 јануари, со што е запрена израелската војна која предизвика широко уништување и ја остави палестинската енклава во урнатини. Израел постојано го прекрши примирјето.Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

Поврзани вести