Изгаснат е пожарот во старите бараки во Градски парк

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски вечерва изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари
Изгаснат е пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски вечерва изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари.


„Пожарот е завршен. Ставен е под контрола и се работи на негово догасување, на тоа што остана“,
изјави Симоновски.
Претходно тој изјави дека нема ни жртви ниу повредени, ниту пак некоја голема материјална штета. Оштетен е еден од објектите на „Томче Софка“ (апартман), а среќа во несреќа е што кујната на ресторанот е од другата страна, каде имало и плински боци.
„Во 15 и 50 часот добивме пријава за запалена барака која не е функционална 3-4 години, а е направена од лесно запалливи материјали – шперплочи, ламперија. Нема ни повредени, ни жртви, а нема ни голема материјална штета“,

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.