Девет пожарникарски возила со 27 пожарникари успешно се справија со пламените јазици кои во целост ја уништија кровната конструкција во пожарот кој почна во 17:20 часот.
По регистрирањето на пожарот во Битола беа мобилизирани Територијалната противпожарна единица, службени лица на СВР-Битола, а на терен присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски со цел координација и обезбедување на дополнителни информации.
Во пожарот нема повредени лица, а превентивно во текот на ноќта пред опожарениот објект дежураа екипи на Територијалната противпожарна единица и сообраќајна полиција.
Причините и последиците од пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“ ќе бидат истражени.



