Познатата фолк-пејачка Неда Украден покажа на социјалните мрежи ново издание со кое ги изненади сите. Како што пишуваат српските медиуми, таа во последно време ослабнала 15 килограми и сега изгледа многу подобро.
Тоа може да се види и од нејзината фотографија направена во Бугарија на која се гледа дека никогаш не изгледала подобро.
Облечена во бело од глава до пети таа едноставно блескаше во ова свое издание, а тоа се гледа и во коментарите што ги доби.
„Права дама“, „Феноменално“, „Недо, беше мачка и остана“, и порачаа фановите во коментарите под објавата на познатата пејачка.
Неда ова лето ќе го прослави својот 73-ти роденден, но и покрај тоа што е во осмата деценија од животот, на својот Инстаграм често знае да објави и фотографии на кои позира во костими за капење.
Таа е негувана жена која држи до својот изглед, па веќе со децении важи за една од најубавите дами на балканската јавна сцена.