Изгоре познат ресторан во центар на Скопје

Пожар рано утринава избувнал во ресторан во близина на Авто мото сојузот на Македонија. Повредени лица нема, но е причинета материјална штета.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект при што опожарени се внатрешноста на објектот и кровната конструкција.

Пронајдете не на следниве мрежи: