Изградбата на колекторски систем за фекална канализација во Општина Илинден

Општина Илинден започна со реализација на приоритетниот проект за изградба на колекторски систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата  и стопанските објекти во Илинден и Марино со должина од околу 5000 метри, како и изградба на пречистителна станица со капацитет од 2500 еквивалент жители.

           Колекторскиот систем се гради покрај Главниот отворен канал, којшто поминува низ средината на населените места Илинден и Марино. На системот  ќе имаат можност да се приклучат околу 700 домаќинства. 

За реализација на Проектот за изградба на колекторскиот систем за фекална канализација се планирани 46 милиони денари, сопствени средства обезбедени од буџетот на општина Илинден. 

Согласно планираните активности, градежните работи за изградба на колекторскиот систем ќе се комплетираат заклучно со месец септември 2021 г. 

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски истакна дека и покрај актуелната состојба со Ковид 19 работните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, со реализацијата на овој приоритетен проект, повеќе од 60% од домаќинствата во општина Илинден ќе бидат приклучени на систем за фекална канализација со пречистување на отпадни води.

– Изградбата на фекална канализација со пречистителни станици е еден од приоритетите во стратешките цели на општина Илинден и претставува капитална инвестиција. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за локалниот економски развој, унапредување и заштита на животната средина како и подобрувањето на квалитетот на живеење, истакна градоначалникот Стојановски.

Досега во општината изградена е канализациска мрежа во вкупна должина од  повеќе 30 000 метри, како и  изградени се 5 пречистителни станици, во 4 населени места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.