ИЗЛОЖБА на Пабло ПИКАСО керамики, цртежи и графики од колекцијата на ОСТЕН

ОСТЕН Скопје во соработка со Општина Ѓорче Петров им приредуваат несекојдневен настан на граѓаните од Скопје:

ИЗЛОЖБА на Пабло ПИКАСО
керамики, цртежи и графики
од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж

Изложбата ќе биде поставена во Домот на културата во Ѓорче Петров само еден ден:
20 октомври 2021 од 12 – 22 часот официјално отворање 19 часот

Влезот е бесплатен.

Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои 8 цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на изложбата во Домот на културата во Ѓорче Петров.

Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје. Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 г.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.