Изложба на уметност: „Форми во лет” – Меѓународни Уметници во Француските Колекции

На 8 април, пред бројна публика, се отвори изложбата „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции”. Настанот го отворија г. Тихомир Топузовски, директор на Музејот на современата уметност во Скопје, г. Филип Маршето, прв советник во Француската амбасада, и г. Матје Лелиевр, куратор од Музејот на современа уметност во Лион, пренесе Францускиот институт во Скопје. Оваа изложба оддава почит на значајниот придонес во современата уметност од уметници кои живееле или патувале во Франција, земја која е позната како уметнички центар и извор на инспирација. Изложбата е дополнета со дела на француски творци од колекцијата на Музејот во Лион, вклучувајќи уметници како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Леча и Шурук Хриеш. „Форми во лет“ создава простор за дијалог меѓу различни генерации и уметнички стилови, истакнувајќи ја промената на современото творештво. Изразуваме голема благодарност до Музејот на современа уметност во Скопје, Музејот во Лион и градот Лион за оваа извонредна соработка помеѓу двете земји. Изложбата останува отворена до крајот на април, не ја пропуштајте!
The post Изложба на уметност: „Форми во лет” – Меѓународни Уметници во Француските Колекции appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: