четврток, 12 ноември 2026
Најново

Измамена 88-годишна жена: „Ќерка ти прегази дете, плати ни за да не лежи во затвор“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 27.05.2025 во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра.

Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести