Измамници заработиле 50.000 евра со фалсификувани Nike патики

А Д (30) од Белград, М В (27) и Љ П (38) од Крагуевац се осомничени за нелегална продажба на фалсификувани патики од марката “Nike” со што заработиле до 50.000 евра.
Како што е напишано во дневниот весник, “Ало”, членовите на Одделението за борба против организиран криминал извршиле неколку одделни акции, како и претреси на нивните станови во Белград и Крагуевац. Поради тоа, на осомничените им се запленети компјутерска опрема, поголема количина на фалсификувани патики, внатрешната евиденција на продажбата, како и поголем износ на пари стекнати од нелегалното продавање.
Како што се сомнева, тие истата стоки ја испраќале преку разни курирски услуги, а парите ги примале во готово по секоја испорачана пратка. На овој начин, секој од осомничените во минатата година продал стока во вредност меѓу 30.000 и 50.000 евра, така што секој од нив тројца заработил најмалку по 10.000 евра.
Осомничените стоките ги огласувале и продавале преку интернет, а се стекнале и со поголем број на нарачки на социјалната мрежа Фејсбук, како и преку други аукции и сајтови за рекламирање.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.А Д (30) од Белград, М В (27) и Љ П (38) од Крагуевац се осомничени за нелегална продажба на фалсификувани патики од м

Пронајдете не на следниве мрежи: