Изненадете ги домашните со совршена вечера: Полнети лигни во вино

Направете им пријатно изненадување на домашните после долгиот и напорен работен/училишен ден. Згответе им нешто убаво, бидејќи, како се вели – љубовта доаѓа од стомакот.
Состојки:
– 1кг. лигни
– 150гр. ориз
– 1 главица кромид
– 3 чешниња лук
– 2 јајца
– 1дл. маслиново масло
– 1дл. бело вино
– листови од магдонос
– сол, бибер


Подготовка:
1. На исчистените лигни отстранете им ги главите и пипките и исецкајте ги на ситни парчиња. Во мало тенџере запржете ги кромидот и лукот и додадете ги исецканите делови од лигните (главите и пипките).
2. Намалете ја температурата и додадете го оризот со малку вода и бело вино. Гответе 20 минути. Додадете ги листовите од магоднос и јајцата. Со добиената смеса наполнете ги лигните, а отворите затворете ги со чепкалки. Лигните ставете ги во тава и испечете ги.
3. За време на печењето може да ги прелиете со малку маслиново масло. Врз испечените лигни ставете бел лук и магодонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.