– Алмог Коен, член на израелскиот Парламент од крајната десничарска Еврејска партија на моќта, повика на копнен напад врз градот Рафа во Појасот Газа, наведувајќи дека „Рамазан, светиот месец на муслиманите, е најдобро време да ги убиете“.Коен зборуваше за нападите на својата земја во Газа во емисија на израелскиот телевизиски канал „Канал 14“.На прашањето за ставот на американската администрација за можен копнен напад на Рафа, каде што Палестинците се засолнија барајќи спас од израелските напади, Коен одговори:„Одлуката за копнен напад на Рафа му припаѓа на премиерот Бенјамин Нетанјаху.“Коен тврди дека е неопходен копнен напад на Рафа.„Дали во Рафа треба да се влезе по копнен пат? Дали треба тоа да се стори додека постат, додека се уморни и слаби? ДА“, рече членот на Кнесетот.Коен рече дека не може да разбере зошто Израел не започнал копнен напад на Рафа сега, додека трае Рамазан.„Месецот Рамазан е најдобро време за да се убијат. Тие се уморни и слаби. Не ги жалам нив. Ги жалам своите браќа (израелските заробеници, заб. на авт.)“, додаде Коен.
Пронајдете не на следниве мрежи: