Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата што се обидувала да добие помош од камиони во Газа, при што загинаа најмалку 59 луѓе, соопштија медицински лица, според кои ова е еден од најкрвавите инциденти досега во растечкиот конфликт во појасот Газа, пренесува Ројтерс.
Палестинските медицински лица изјавија дека во инцидентот загинале најмалку 59 лица, а 221 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба. Жртвите биле брзо превезувани во болница со цивилни автомобили, рикши и колички за магариња. Ова е најголем број жртви во еден ден откако помошта е обновена во Газа во мај.



