Израелците објавија фотографија од Нетанјаху: „Ова е моментот кога нареди напад врз ирански претставници“

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографија за која тврдат дека е направена додека тој наредувал атентат врз високи ирански функционери.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди елиминација на високи функционери на иранскиот режим“, се вели во соопштението, заедно со фотографија објавена на мрежата X.

На фотографијата се гледа Нетанјаху на телефон, додека еден од неговите соработници пишува белешки до него.

Photo: Prime Minister Benjamin Netanyahu ordering the elimination of senior Iranian regime officials. pic.twitter.com/av6rIqNOFt— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) March 17, 2026

Во нападот врз Техеран доцна синоќа, Израел го таргетираше шефот на безбедносните структури на Иран, Али Лариџани. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац тврди дека Лариџани е убиен.

Во истиот напад беше убиен Голам Реза Солејмани, кој шест години беше на чело на иранските сили Басиџ, познат по прекарот „Касап на режимот“.

Според Израел, неговата единица била вклучена во задушувањето на антивладините протести што се одржаа претходно оваа година.

Солејмани беше нападнат додека се наоѓаше во шаторски камп, кој неодамна го основа оваа иранска единица.

Претходно денес, израелската армија објави дека доцна синоќа биле употребени авиони за напад врз Техеран, Шираз и Тебриз. Во Техеран, според војската, биле погодени командните центри на иранските безбедносни сили, вклучувајќи го и седиштето на Министерството за разузнавање и милицијата Басиџ. Цели биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала, ракети и системи за воздушна одбрана.
The post Израелците објавија фотографија од Нетанјаху: „Ова е моментот кога нареди напад врз ирански претставници“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: