четврток, 12 ноември 2026
Најново

Израел со план: Ќе ги депортира Грета Тунберг и останатиот екипаж од „Мадлен“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израел планира брза депортација на шведската активистка Грета Тунберг и уште 11 активисти по нивното приведување во близина на своите територијални води.

Министерството за надворешни работи на Израел објави дека активистите од јахтата „Мадлен“, меѓу кои е и Тунберг, ќе бидат спроведени до пристаништето Ашдод и од таму ќе бидат депортирани преку аеродромот Бен Гурион.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Бродот безбедно плови кон бреговите на Израел. Се очекува патниците да се вратат во своите матични земји“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.
„Селфи јахтата што ја превезува Грета Тунберг и други таканаречени „селебритис“ го продолжува своето патување кон израелско пристаниште“, се вели во соопштението.

Правниот центар Адала, кој се залага за правата на арапските малцинства во Израел, побара итна информација за локацијата и статусот на притворените активисти. Од центарот нагласуваат дека бродот никогаш не влегол во израелски територијални води ниту пак имал намера тоа да го направи.

– Адала бара итно откривање на правниот статус на активистите, нивно право на правна помош и застапување – се наведува во соопштението.

Поврзани вести