Илинден е наш празник, на Македонија

Скандалозните потези и изјави кои премиерот Зоран Заев ги даде во посетата на Бугарија, предизвикаа гнев и разочараност кај граѓаните. Неговите ставови дека имаме заедничка историја со Бугарите, според граѓаните на Охрид и Битола се крајно неточни.
 Граѓаните порачуваат дека ние имаме своја историја и дека треба да си ги почитуваме нашите борци.
-Не би рекол да имаме заедничка историја со Бугарите, толку, порача еден од анкетираните граѓани.
-Немаме ништо со Бугарите, сега се ќе имаме, циркузи сме, вели еден од граѓаните
-Македонија си има посебна историја, треба да ја браниме, да ја почитуваме, да ги почитуваме борците, смета еден од анкетираните.
Граѓаните сметаат и дека нема потреба од заедничка прослава за Илинден, за чие одбележување премиерот Заев му упати покана да дојде во Македонија заедно да прослават на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
-Кратко и јасно не. Од Бугарите имаме голема мака видено во борбата во 44-та, вели еден од анкетираните.
-Јас мислам не, нема потреба од такво нешто, смета еден од граѓаните
Граѓаните сметаат и дека не треба да се менуваат учебниците по историја, нешто што премиерот на Македонија го најави при посетата на Бугарија, кога кажа дека сите што се спорни делови за Бугарија ќе бидат променети во учебниците. Инаку како спорен за Бугарија е и еден Гоце Делчев.
-Како тргнала работава, се ќе се менува. Кога гледаме кои не водат и како не водат, тешко на вас младите, порачува еден од граѓаните.
-Никако учебниците менување, ние сме ги учеле тие 50-60 години и сега ќе ги менува, тоа е срамота од негова страна, порачува еден од граѓаните.
Граѓаните се едногласни дека Илинден и илинденското востание се македонски. Инаку на прославата на овој празник, премиерот Заев го покани Борисов заедно да го прослават во Македонија и покрај тоа што е доста познат спорот меѓу двете држави за овој празник.
-Илинден е наш празник, на Македонија, вели еден од граѓаните.
Граѓаните се едногласни и за улогата на бугарската војска во Македонија, сите се на ставот дека тие тука биле окупатори.
 
 

 
Граѓаните порачуваат дека ние имаме своја историја и дека треба да си ги почитуваме нашите борци.
-Не би рекол да имаме заедничка историја

Пронајдете не на следниве мрежи: