Илон Маск е целосно уништен: “Ме измамија, син ми стана жена” Шокантно интервју на најбогатиот човек во светот (Видео)

Шефот на Tesla и SpaceX бесен поради промената на полот на синот Ксавиер, сега се вика Вивијан Џена Вилсон.Илон Маск, извршен директор на Tesla и SpaceX, во интервју со Џордан Петерсон рече дека му е жал и е лут поради неговото искуство со неговото трансродово дете Ксавиер (сега се вика Вивијан Џена Вилсон ). Маск рече дека практично бил измамен да потпише документи за да му даде на своето дете блокатор на пубертетот.Маск рече дека не бил целосно информиран за неповратните ефекти од третманот и рече дека терминот „родово афирмирана грижа“ е всушност „ужасен еуфемизам“.Тој рече дека сфатил дека го „изгубил својот син“ поради, како што го нарекува „wokeвирусот“, што доведе до транзиција на неговото дете.За време на интервјуто, Петерсон неколку пати се вмеша во презентацијата на Маск и ја нарече целата ситуација „неверојатно злобна“, со што Маск се согласи, како и забелешката на Петерсон дека луѓето кои промовираат такви третмани треба да се стават во затвор.“I was tricked into doing this… the people promoting this should go to prison.” @ElonMusk opens up to @JordanBPeterson about gender ideology’s impact on his son, Xavier. pic.twitter.com/1bdILGNdJE— Daily Wire (@realDailyWire) July 22, 2024Тој тврди дека оваа практика се спроведува на деца „кои се далеку под возраста за согласност“.Тој кажа и дека и самиот бил измамен да учествува во оваа практика, што резултирало со голема загуба.„Го изгубив синот, во основа“, рече Маск и го објасни терминот „усмртување“, сугерирајќи дека тој се користи затоа што идентитетот на детето повеќе нема да биде препознатлив по постапката.„Причината поради која тоа го нарекуваат „смрт“ е затоа што вашиот син е мртов“, рече Маск.Во јуни 2022 година, Вивијан јавно објави дека е трансродова, законски го смени своето име и ги прекина сите врски со Маск. Таа ја донела одлуката во исто време кога Маск објави дека ќе го премести седиштето на SpaceX од Калифорнија во Тексас бидејќи е фрустриран од законите во Калифорнија, особено со новиот предлог-закон кој ги спречува училиштата да ги известуваат родителите доколку нивното дете се идентификува како различен пол.Маск често и многу гласно зборуваше за неговото противење на “woke движењето” и вети дека ќе го „уништи woke вирусот“.

Пронајдете не на следниве мрежи: