Илон Маск ја завршува годината со остварување личните цели. Милијардерот сподели фотографија на која го покажува својот импресивен напредок во слабеењето додека внесува доза празничен дух со тоа што се облекува како Дедо Мраз.Маск на својот профил на платформата Х објави фотографија на која позира облечен како Дедо Мраз пред елка опкружен со подароци, некаде во неговиот дом. На сликата со раката на колкот се насмевнува на камерата.„Оземски Дедо Мраз”, напиша тој во описот на објавата.Во продолжение тој откри дека резултатите не се должат на употребата на Ozempic туку на лекот Mounjaro, кој има сличен ефект.„Технички, користев Mounjaro, но тоа не звучи толку добро“, додаде тој со емоџи со плачење од смеа.Мрежи ,,гореа”Неговата објава за помалку од 24 часа собра повеќе од 36 милиони прегледи, а многу корисници го исмеваа.
Musk is making X great!! pic.twitter.com/NNWnl6GfbW— Zainab (@ZainabRealx) December 26, 2024
„Дедо Мраз брзо ослабе“, „Овој Дедо Мраз има богатство од 500 милијарди долари“, „Купи ми куќа Дедо Мраз“, „Имаш доволно пари да се храниш како сакаш“, беа само дел од коментарите.Маск објасни зошто го избрал Mounjaro за слабеењеПо неговата објава, многу следбеници поставија повеќе прашања за разликите помеѓу Ozempic и Mounjaro барајќи препораки за тоа кој лек е поефикасен.„Високите дози на Ozempic ме натераа да подригнам и да прднам како Барни Гејбл од Симпсонови“, напиша Маск. „Mounjaro има помалку несакани ефекти и делува поефикасно.Маск претходно сподели дека не е љубител на физичка активност и со задоволство би го избегнал вежбањето доколку е можно да остане здрав со седентарен начин на живот. Тој призна дека практикувал периодично постење за да остане во форма, како и дека користел други лекови за слабеење како Вегови.Претходно овој месец , тој истакна дека лековите за слабеење како Оземпик, Вегови и Мунџар би можеле да бидат решение за американскиот проблем со дебелината, нагласувајќи дека тие треба да бидат достапни за секого.,,Ништо нема да направи повеќе за да го подобри здравјето, очекуваниот животен век и квалитетот на животот на Американците отколку да ги направи [лековите GLP-1] исклучително достапни за јавноста. Ништо друго не се споредува“, напиша Маск на платформата X.