Илјадници Австралијци на протест поради рестриктивните мерки

Илјадници луѓе се собраа денеска во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени.
Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.


Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот „Викторија“ до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше „Слобода“ и „Вистина“.
Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протести.
И во Мелбурн илјадници луѓе без маски излегоа во центарот на градот и извикуваа „слобода“.
Австралијците сметаат дека „не станува збор за вирус, туку целосна контрола на владата врз народот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.