Имате проблем да заспиете бидејќи ви е топло? Овие трикови ќе ви помогнат!

Топлото лето претставува проблем за многумина. Летните денови носат потешкотии во нормалното функционирање. Но и ноќите често се со температури кои не се многу пријатни за спиење.
Сепак, постојат неколку трикови кои можат да ни помогнат да уживаме во сонот во летниот период.
-Секогаш затворајте ги прозорците и затемнете ја собата преку ден за топлината да не навлезе во неа.


-Не јадете многу протеини бидејќи тие дополнително го загреваат организмот и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, три часа пред спиење не е препораливо да се јаде лута храна.
-Постелнината може да се стави на неколку минути во замрзнувач, а шише со ладна вода имајте покрај колената, зглобовите и лактите
-Секогаш вежбајте наутро, а не пред спиење.
-Измијте ги стапалата со ладна вода пред да одите на спиење.
-Држете ги стапалата над прекривката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.